ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Завршува рокот за преименување на бугарските клубови

Денеска завршува рокот за преименување на клубовите со називи на контроверзни историски личности поврзувани со нацизмот. Оние што тоа не го направиле се очекува да бидат затворени во рок од еден месец, според одлука која ќе се чека од Министерството за правда. Од Централниот регистар информираат дека досега интерес за промена на називот покажал бугарскиот културен клуб од Охрид – „Цар Борис III“. Сепак процедурата не е завршена.

Advertisements

„Централен регистар ќе достави информација до Министерството за правда дали Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид постапило по Известувањето од Централен регистар, односно дали поднело пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации“, наведуваат од Централниот регистар.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Законот за здруженија, кој беше усвоен во ноември минатата година, ќе биде спроведен во целост.

„Оние коишто тоа го направиле ќе продолжат да работат согласно законите. Оние коишто тоа не го направиле, согласно законите нема да продолжат работат… Културните клубови треба да бидат место коишто ги зближуваат народите и граѓаните, а не да бидат места коишто со своите имиња или на друг начин будат негативни чувства“, рече Ковачевски.

Од бугарскиот културен клуб во Битола – „Иван Михајлов“ претходно истакнаа дека нема да го сменат името. Тие најавија дека ќе ги искористат сите правни можности за да продолжат да работат под истото име, па дури и да тужат во Стразбур. Од официјална Софија неодамна истакнаа дека ќе им пружат помош на клубовите за да продолжат со својата дејност. Во меѓувреме, измените на Законот за здруженија беа оспорени и пред Уставниот суд, со аргумент дека не треба да важат ретроактивно, односно за веќе отворените клубови. Според информациите од судот, засега предмет по оваа иницијатива сè уште не е оформен.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button