СПОРТФУДБАЛ

Збор си е збор – Мурињо му купува копачки на фудбалер!

Фудбалерите на Рома ја совладаа Џенова со 2-0, со што му го расипаа дебито на Андриј Шевченко на клупата на домашниот тим. Херој на Рома беше Феликс Афена-Гиан, кој влезе како замена и постигна два гола обезбедувајќи 3 бода за Рома.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по натпреварот не го криеше задоволството од играта на 18-годишниот напаѓач, за кого мора да го исполни ветувањето – да му купи копачки од 800 евра.

„Му ветив на Феликс дека ќе му купам копачки вредни 800 евра, доколку успее да постигне гол. И на ова, ме потсети откако го постигна првиот гол“, рече меѓу другото Мурињо. Да потсетиме дека африканскиот напаѓач дојде во Рома за 200 илјади евра и доколку продолжи вака во Серија А, секако дека ќе му се зголеми цената.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button