ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Здравковски: Имаме доволно аргументи за интерпелацијата против Џафери

Здравковски: Имаме доволно аргументи за интерпелацијата против Џафери

Континуираното кршење на Деловникот на Собранието и неодамнешните скандали кои се случија во законодавниот дом, каде во главна улога е првиот човек на оваа институција Талат Џафери, ја натера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да побара оставка, а поднесе и интерпелација против него. Ова во „Патот кон…“ го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски, подвлекувајќи дека неговиот субјект собрал доволно аргументи за интерпелацијата на Џафери, информира Алсат.

Advertisements

„Интерпелацијата што денеска ја објавивме како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, не е само за синоќешниот или за случајот од пред неколку дена, каде што сите бевме сведоци на непристојно однесување на претседавачот на Собранието, туку е последица на континуираното кршење на Деловникот за работа на Собранието од страна на претседавачот. Сметам дека тоа е континуирано лоша работа на претседателот на Собранието и сметаме дека овие последни случувања претставуваат прелевање на чашата. Неминовно беше да се бара интерпелација бидејќи тоа е навреда за пратениците и граѓаните и во крајна линија за вработените, затоа што Талат Џафери мора да ја претставува највисоката институција во Република Македонија, мора да го претставува законодавниот дом“, изјави Игор Здравковски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button