ЕКОНОМИЈА
Здравковски: Се гордеам што го спречивме донесувањето на заемот за ЕСМ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски во вечерашното гостување во емисијата “Економски Магазин“ на Алсат даде образложение за противењето на опозицијата во врска со предлог законот за гаранција на државата по однос на финансирањето за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ.
„Искрено кажувам, како член на Комисијата, се гордеам со тоа што го спречивме овој заем затоа што ќе имаше за една година затворање на ТЕЦ Осломеј, а за 3-4 години од сега ќе имаше затворање и на РЕК Битола. За набавка за електрична енергија беа предвидени 55 милиони евра, но она што беше најспорно е обврската за затворање на ТЕЦ Осломеј, до крајот на 2023 та и затворањето на РЕК Битола до крајот на 2027ма.“, рече Здравковски.