ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Здравствениот систем во Кичево и Струга е пред колапс, а имаат само еден инфектолог

Здравствениот систем во Кичево и Струга е пред колапс. Недостигот на слободни легла и медицински персонал го вклучи алармот во овие два града, кои се најпогодени од вирусот. Во болниците има само еден инфектолог. Според директорите, инфективните одделенија се преоптоварени и сега се обидуваат да најдат алтернативни решенија. Во Кичево ковид центарот е преполн, додека на интерното одделение нема централен систем за кислород. Директорот вели дека некако ќе најдат кислород, но потешко е да најдат персонал.

Advertisements

И во струшката болница веќе две недели е вклучен алармот. Во модуларната болница денеска имаше само 6 слободни легла. Директорот Арменд Арслани рече дека не очекуваат помош од централните власти бидејќи состојбата е критична и на скопските клиники, па ќе се подготвува друг план.

Подготвивме план кој функционираше и порано кај нас. Имавме центри „Ковид 1“ и „Ковид 2“. Станува збор за внатрешни одделенија каде има 30 кревети, од кои 7 легла се со централна оксигенација, но во моментов таму немаме хоспитализирани. Следејќи ја ситуацијата секојдневно, ние сме подготвени да прилагодиме и други простории за хоспитализација на пациенти со корона вирус – рече Арменд Арслани, директор на Струшката болница.

Општинскиот кризен штаб во Тетово пак, утре ќе ја разгледа епидемиолошката состојба за евентуални поригорозни чекори. Како и во Гостивар, лекарите велат дека ситуацијата излегла од контрола и се бара карантин за регионот.

Во Скопје Инфективната клиника и модуларната сболница е полни, отворени се Институтот за туберкулоза и болницата во Козле каде има 120 легла снабдени со систем за кислород. Министерството за здравство уверува дека капацитетот е доволен, иако во некои градови модуларните болници се полнат. Следната опција е повторно отворање на внатрешните одделенија, односно и тие да се претворат во центри за ковид. Од Министерството велат и дека сè уште е во сила договорот со приватните клиники ако евентуално треба да се зголемат капацитетите за хоспитализација и медицински персонал ако ситуацијата дополнително да се влоши.

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button