
Здравствените работници најавија протести. Тие бараат плати повисоки за 30%, нов колективен договор, како и договор на неопределено време за оние што се со договор на дело. Од Независниот синдикат информираа дека наредниов петок ќе протестираат пред сите здравствени установи за време на паузата, а наредните протести ќе ги одржат пред Министерството и Владата.
„Укинување на економските директори, дуплите директори и 250-те луѓе во управните одбори, коишто ги има низ цела Република Македонија, бидејќи месечно за плата за сите тие економски директори одат пола милион евра месечно. Со овие пари што ќе се заштедат со индустриската вода и струја од режиски трошоци, со платата на функционерите, со укинување на овие втори директори, ќе останат пари не само за нас, ќе има пари и за пензионерите“, рече Боби Бојчевски – Независен синдикат на здравствени работници.