ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Здравствените власти бараат начини за побрзо испитување на 560 досиеја на пациенти кои се лекувале во „Жан Митрев“

Здравствените власти бараат начини за побрзо испитување на 560 досиеја на пациенти кои се лекувале во „Жан Митрев“

За да се разгледаат 560 досиеја за пациенти доставени од Жан Митрев, на здравствените власти можеби ќе им треба повеќе од 1 година. Факторот време, ќе го задржи здивот на стотици семејства кои изгубија роднини за време на пандемијата во клиниката Жан Митрев. На денешната средба со новинарите, министерот за здравство Беким Сали рече дека најмалку 8 стручни лица од 4 клиники ќе ги разгледуваат обемните случаи за испитување на евентуални неправилности.

Advertisements

„Станува збор за две групи формирани од четири клиники: Кардиохирургија, клиника за инфективни болести, интензивна нега и нефрологија. Тие експерти ќе го анализираат секој поединечен случај и мора да напишат извештај за секој поединечен случај. За 560 случаи ќе биде потребно време за конечно на јавноста да и дадеме конечен извештај“, велат од Министерство за здравство.

Бидејќи некои пациенти биле подложени на методот на хемофилтрација два или три пати, се проценува дека клиниката го продала овој метод над 1.000 пати, иако тоа не е пропишано во здравствените протоколи на СЗО како форма за лекување на пациенти со Ковид-19.
Паралелно, се очекува одговорност од пет институции.

„Анализата на нивниот третман ќе ја направат институциите поврзани со Министерството за здравство, и тоа Државниот санитарен здравствен инспекторат, Лекарската комора, Агенцијата за лекови МАЛМЕД, Комисијата за интраболнички инфекции и Стручната комисија“, додадат од Министерство за здравство.

Од друга страна, Јавното обвинителство не открива никакви детали за предистражната постапка што ја води. Од обвинителството велат дека според Законот за кривична постапка, дејствијата на јавниот обвинител во рамки на претходните истраги се тајни и од тие причини во оваа фаза од постапката не може да се споделат повеќе детали за да не наштетат на истрагата.

Целиот овој скандал произлезе од документарецот на Лабораторијата за истражувачко новинарство на ИРЛ, за кој 24 семејства сведочат дека биле принудени да платат огромни суми од 12-25 илјади евра за лекување на пациенти заразени со корона вирусот, а кои починале од Интерклинички бактериски инфекции, за кои постои сомневање дека се предизвикани од методот на филтрација на крвта./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button