ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Здравство не ја доставува на увид документацијата за гостиварската фирма

Здравство не ја доставува на увид документацијата за гостиварската фирма

Министерството за здравство не ја доставува лиценцата со која спорната компанија за производство на канабис во медицински цели Медикал Супли од Гостивар продолжила со работа иако не ги исполнувала условите. Иако побаравме, од ресорното Министерство не ни ја доставија документацијата врз основа на која оваа компанија продолжила да работи и покрај тоа што еднаш и била одземена лиценцата.

Advertisements

Алсат веќе пишуваше за овој случај, а станува збор за компанијата Медикал Супли регистрирана на адреса во Гостивар, а за која полицијата неодамна поднесе кривична пријава под сомнение дека не ги почитувала протоколите за одгледување на канабис. Според информациите на Алсат, компанијата е регистрирана во септември 2020 година на име на Арбен Курти, државјанин на Албанија, и Амила Рамадани, државјанка на Босна и Херцеговина со живеалиште во Мостар.

Алсат успеа да го обезбеди и договорот склучен меѓу Курти и Рамадани, а компанијата со адреса во Гостивар работната лиценца за првпат ја добила на 4 август 2021 година. Уште тогаш, надлежна комисија при Министерството за здравство утврдила дека компанијата не ги исполнува условите и лиценцата треба да и се одземе. Одлуката за ова била донесена на 22 август 2023 година, а на 26 септември истата година Владата и ја одземала лиценцата. Сепак, компанијата повторно продолжува со работа, а сомнежите се дека во текот на 2024 година таа добива нова лиценца. На 10 април годинава, полицијата открива неправилности поврзани со токму со оваа фирма, пронајдениот материјал е запленет, а осомничените се во бегство. Заедно со Курти и Рамадани, осомничен е и државјанин на Словенија со привремено живеалиште во Северна Македонија.

Неофицијално, како што дознаваме, владата во наредниот период ќе започне робусна акција во која ќе бидат опфатени сите фирми со лиценца за производство на канабис, а за кои постои сомневање за сериозни злоупотреби. Од 2016 година па наваму, односно од легализацијата на производството на масло од медицински канабис, издадени се дозволи за работа на околу 70 приватни компании, а според анализите на истражните органи, голем дел од нив досега не се придржувале до законските правила и вршеле сериозни злоупотреби./Алсат.мк

Миахило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button