ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Здравството останува „болна точка“ на општеството

Здравството останува „болна точка“ на општеството

Смртноста на бебињата на крајот на изминатата година, беше најголем удар во здравството за 2024 година. За шест месеци имаше 19 смртни случаи, на бебиња и едно петгодишно детенце.

Advertisements

Смртта на 14-месечното бебе го вклучи алармот, по што здравствениот инспекторат констатираше неправилности на Клиниката за детски болести. Случајот два месеци го истражува Лекарската комора, но се уште нема одлука за лекарите кои направиле професионални пропусти.

Директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди, се дистанцираше од одговорноста велејќи дека против него се води дискриминаторска кампања, а смртта на бебињата ги третираше како статистика, споредувајќи ги со смртните случаи од пред пет години.

„Од табелата прикажана од информацискиот систем на Детската клиника, јасно се забележува дека сега имаме речиси двојно помала смртност во однос на пред 5 години или трипати помала смртност во однос на пред 9 или 10 години кога имаше просек од 9 смртни случаи месечно, значи во просек по еден смртен случај на секои 3 дена, во време кога други ја водеа Детската клиника, а имаше друга влада“, изјави Реџеп Мемеди, директор на клиниката.

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека секој лекар може да направи професионални пропусти.

„Секој лекар може да направи професионален пропуст и тука е направен професионален пропуст. За ова е потребно да се преземат конкретни мерки, не сум за казнување и отказ, меѓутоа дефинитивно мора да се преземат конкретни мерки“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Пропустите на Клиниката за онкологија, беа констатирани и во ревизорскиот извештај каде се потврдија голем број неправилности, кои беа доставени во бвинителството.

Случајот со биолошката терапија, која завршувала на црно, наместо да им се дава на болните од рак, сè уште нема епилог.

Ниту во текот на минатата година не се најде решение за проблемот со паркинзите Според министерот, проблемот со паркингот ќе биде решен до јуни 2025 година.

Една од позитивните работи што се случи годинава во здравството беше разрешувањето на економските директори во здравствените клиники, со што Министерството за здравство заштеди над 250.000 евра за три месеци.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button