Заедница на општини, Курти: Не можеме да ја ставиме запрегата пред коњот

Според премиерот на Косово, Албин Курти, прашањето за Заедницата на општините со српско мнозинство треба да се разговара со трпение и добра волја, вклучително и на утрешната средба во Охрид. Но, Курти во „360 Степени“ на Алсат потсети дека ова прашање не го поминало тестот во Уставниот суд на Косово.
„Здружувањето на општините со српско мнозинство има два договора од вкупно 39 што беа потпишани во Брисел, од 02.07.2011 до 25.08.2015… Не сум за ставање на еден од 39-те договори на врвот бидејќи тие договори немаат ниту вредносна хиерархија, ниту логичка хиерархија, тие имаат хронолошки редослед. Значи не ги исклучувам, ниту еден, но сметам дека во исто време не е во ред да се наметнува еден договор како најприоритетен или најважен… Така што не го негирам здружението, што е прелиминарен договор, но од друга страна не можеме да ја ставиме запрегата пред коњот, како што велиме, и мора да имаме на ум дека договорот за асоцијација не го положи тестот на Уставниот суд на Косово. Нивниот најомилен договор, на кој инсистираат и трубат насекаде, од една страна не го помина Уставниот суд на Косово, а од друга страна е прекршен од нив. Но, верувам дека за сите овие работи мора да разговараме со трпение, концентрација и со добра волја да се најде решение низ дијалог, вклучително и на утрешната средба во Охрид“, рече Курти.