ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Здружение на судии: Разочарани сме од Уставниот суд

Отфрлањето на иницијативата на Здружението на судии на РСМ и Судскиот совет на РСМ за поништување на одредбите од Законот за плати на судии од страна на Уставниот суд на РСМ, е скандалозно, неприфатливо и defacto го урива правниот систем  на државата, се наведва во денешното соопштение од Здружението на судии.

Advertisements

Оттаму додаваат дека се разочарани од Уставниот суд кој наместо да ја штити уставноста на законите, се занимава со популизам и носи одлуки кои се директно спротивни на Уставот, притоа создавајќи правна несигурност, со можни далекусежни последици по судскиот систем и правната држава.

– Отфрлањето на иницијативата за поништување на одредбите од  Законот за плати на судии, кој е донесен на 29 февруари 2024 година, а почнува да се применува ретроактивно од 1 февруари 2024 година, е скандалозно,  неприфатливо и defacto го урива правниот систем  на државата. Оваа одлука е исклучително опасна за правниот систем, бидејќи овозможува ретроактивна примена на законите, без исклучоци. Па во таа смисла во иднина би се овозможило бројни манипулации, но и злоупотреби при примена на законите кои ги регулираат правата и обврските на сите граѓани, а воедно би се создала правна  несигурност во право раздавањето, што е спротивно од заложбите на РСМ како и на преземените меѓународни обврски на државата, велат од Здружението на судии.

Од Здружението на судии информираат дека ќе поднесат нова иницијатива за оценка на уставноста на Законот за плати на судиите и тоа исклучиво по однос оваа околност (ретроактивната примена на Законот), сметајќи дека не станува збор за res judicata (пресудена работа).

Здружението на судии бара од Уставниот суд на РСМ да постапува согласно неговите надлежности предвидени во највисокиот правен акт, а во спроивно, како што стои во соопштението, Здружението ќе поведе постапка пред Европскиот суд за човекови права, пред се заради заштита на законитоста и правата и слободите на граѓаните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button