ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Здружение на судии: Ставањето на црната листа на САД на судија е сериозен удар за угледот на судската власт

Здружение на судии: Ставањето на црната листа на САД на судија е сериозен удар за угледот на судската власт

Откако САД ги стави на црната листа вицепремиерот Артан Груби и Апелациониот судија Енвер Беџети поради коруптивни активности, со своја реакција излегоа и од здружението на судии на Северна Македонија, од каде пак повикуваат на што е можно побрзо разрешување на случајот.

Advertisements

Здружението на судии смета дека ставањето на црната листа на САД на кој било судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот функционер на судската власт.

Оттаму истакнуваат дека случајот мора бргу да се расветли, бидејќи интегритетот и етичкото однесување на судиите се од неприкосновено значење и дека не смее да се дозволи да се наруши нивниот углед.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button