ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Здружението на лица со посебни потреби против владината стратегија за нивно лекување

Здружението на лица со посебни потреби против владината стратегија за нивно лекување

Коалицијата на лица со посебни потреби „Менуваме“ не ја прифаќа Националната стратегија на Владата чија цел е унапредување на правата на оваа категорија. Велат дека стратегијата не овозможува задоволување на нивните потреби, туку се занимава со прашања кои директно не влијаат на нивниот живот. Според здружението, за подготвување на стратегијата ќе се потрошат многу пари, а нивните потреби ќе останат незадоволени.

Advertisements

Од Министерството за труд и социјална политика ја повикаа коалицијата „Менуваме“ да им ги достават предлозите за кои сметаат дека би биле решение за пациентите.

„Стратегијата претставува амбициозни определби за унапредување на правата на лицата со посебни потреби врз основа на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Организацијата на Обединетите Нации, Унијата за еднаквост на ЕУ, како и Агендата 2030 година и целите за стабилен развој. Ако Коалицијата „Менуваме“ има конкретни предлози бараме да ни ги достават најдоцна следната недела, пред документот да влезе во владина процедура“, велат од Министерство за труд и социјална политика.

Стратегијата ќе опфати 1.000 лица со посебни потреби, но во земјава ги има околу 94.000. Стратегијата беше иницијатива на координативното тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со посебни потреби, која функционира во рамките на Владата. Во текот на следната недела стратешкиот документ ќе биде доставен до Владата и сите министерства на конечно мислење, по што ќе биде одобрен.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button