Одлуката дека амбулантите во селата во кои недостигаат медицински сестри да работат без нив, Здружението на медицински сестри, техничари и акушери, ја смета за напад врз нивната професија. Велат дека не само во примарната, туку и во секундарната и терцијарната медицина има недостаток на медицински кадар, но такви одлуки да се работи без медицински сестри, не се носат.
Бешлиовска вели дека претседателот на Здружението на приватни лекари го знаел нивниот став и повторно носел одлуки спротивно на нивните барања. Тие сакаат да бидат вклучени во состаноците каде што се донесуваат одлуките.
Здружението на медицински сестри денеска разговараше со шефот на Фондот за здравство, кој беше отворен за средба со здружението. Вчера, на барање на Здружението на приватни лекари, беше одлучено амбулантите на селата кои имаат недостиг од медицински сестри, и каде работи само лекар да функционираат во наредните две години без медицински сестри со цел да не бидат затворени. За ова ќе добиваат месечен надоместок од 22.500 денари.
Линда Ебиби