Здруженија за културата, уметност и литература од Тетово бараат Владата да ја разреши министерката за култура

Револтирани од објавувањето на резултатите на Министерството за култура за избор на албански проекти, 17 здруженија за култура, уметност и литература од Тетово, ја обвинија министерката за култура Ирена Стефоска дека ја враќа антиалбанската агенда од ‘80-тите ‘90-тите години во културата. Претставникот на овие здруженија, Зинепе Реџепи, вели дека албанските проекти воопшто не биле земени предвид, а образложението на Министерството за култура дека проектите немале целосна документацијата, ја нарече измислица.
„Владата на Република Северна Македонија итно да ја повика на одговорност актуелната министерка за култура, Ирена Стефоска и да ја разреши од оваа функција. Итно да се повлече усвоената антиалбанска програма, да се формираат нови комисии од нови достојни претставници Албанци и да се преиспитаат сите проекти еден по еден.“
Во меѓувреме, иако ја извршува функцијата заменик-министер за култура, Седат Сулејмани вели дека ги поддржува уметниците и ја обвинува министерката Стефкоска.
„Јас сум во разговори со министерката за култура за да се преиспита програмата за култура за 2021 година.“
Министерството за култура потврди дека за разлика од минатата година, албанските културни здруженија, оваа година имаат добиено 110 милиони денари помалку.
Башким Сулејмани