ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Здруженијата за заштита на животните на протест пред Владата

Десетици здруженија за заштита на животните и поединци активисти со мотото „Не се безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“, ќе одржат протест пред седиштето на Владата, a по повод последниот настан што се случи во Струга кога човек, кој со пушка, уби десетина кучиња, но и по зачестените напади на граѓани од страна на кучињата по улиците.
„Ние, како здруженија и како активисти, свесни сме за преголемата популација кучиња на целата територија на државата и правиме сè што е во наша моќ да удомиме и да ги тргнеме од улиците, но битката не можеме да ја водиме сами оти оние што се надлежни да ги носат одлуките се глуви за проблемот“, велат организаторите.