СВЕТ

Зеленски бара меѓународна истрага за падот на авионот

Зеленски бара меѓународна истрага за падот на авионот

По падот на руски воен транспортен авион во пограничниот регион Белгород, украинскиот претседател Володимир Зеленски бара меѓународна истрага за причините за падот. Во видео обраќање објавено во вчеравечер (24.01) Зеленски вели дека е „очигледно оти Русите си играат со животите на украинските заробеници, со чувствата на нивните роднини и емоциите во нашето општество”. Зеленски не ја потврди верзијата од Москва, според која украински заробеници се наоѓале во паднатиот авион и сега се мртви. Украинската воена тајна служба се обидува да открие каква е судбината на воените заробеници, рече Претседателот. Тој и на министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба му дал насоки да ги сподели со странските партнери сите информации со кои располага Украина. „Нашата држава ќе инсистира на меѓународна истрага“, нагласи тој. Украинската тајна служба СБУ во меѓувреме започна истрага и „презема низа мерки за да ги расветли сите околности на падот”, се вели во соопштение од службата.

Advertisements

Леталото од типот „Иљушин Ил-76“ во средата (24.01) се урна во западнорускиот регион Белгород. Според руски информации, притоа загинале сите 74 патници – 65 украински воени заробеници, шест членови на екипажот и тројца придружници. Министерството за одбрана на Русија ѝ префрла на Украина дека го соборила авионот. Руските сили со радари виделе „старт на две украински ракети”, соопштија од Министерството. Авионот бил погоден од Липци, село во украинскиот пограничен регион Харков.

Се работи за „варварски терористички чин”, се вели од руското Министерство за одбрана. Во руските државни медиуми беше објавена листа со имиња на патници кои наводно се 65 украински војници./DW

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button