Зеленски издаде декрет според кој разговори на Украина со Путин се „невозможни“

Додека Владимир Путин е претседател на Русија, разговори се невозможни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша указот за официјално прогласување на какви било преговори меѓу Киев и претседателот Владимир Путин за „невозможни“, но ја остави отворена вратата за разговори со Русија. Во клаузулата од указот, кој беше подготвен од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, се вели дека Украина одлучила да прогласи неможност за водење преговори со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
Од друга страна, Русија порача дека војната нема да заврши доколку Украина ги блокира преговорите.
„Или ќе чекаме актуелниот претседател да ја смени својата позиција или ќе чекаме следниот претседател да ја смени својата позиција во интерес на украинскиот народ“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во меѓувреме, украинските трупи зазедоа повеќе територии во регионите кои Русија незаконски ги анектираше, при што силите на Киев напредуваа во близина на јужниот град Керсон, а ги консолидираа успесите на истокот. Про-руските власти во Керсон го потврдија напредувањето, но рекоа дека московските сили продолжуваат понатаму. На исток, украинските сили влегоа во областа Луганск, контролирана од Русија. كيف تربح في مراهنات كرة القدم
Зеленски изјави дека во некои региони има нови ослободени населби, но и оти борбите на многу места и понатаму траат. لعبة قمار Напредокот на украинските контранапади внимателно се следи, но странските новинари главно се држат подалеку од првите борбени линии.
На југ, украинските сили навлегле на околу 30 километри јужно од поранешната линија на фронтот. 1xbet arabic
АЛСАТ