СВЕТ
Зеленски: Нивото на составот на руската делегација е „декоративно“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес пристигна во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, додека во Истанбул се очекува руските и украинските претставници одделно да започнат мировни преговори.
По пристигнувањето, Зеленски им рече на новинарите дека Украина ќе одлучи за следните чекори во преговорите со Русија по средбата со турскиот претседател, објави Ројтерс.
Во таа прилика, тој го оцени нивото на составот на руската делегација испратена во Турција на разговори како „декоративно“.
Украинскиот претседател треба да се сретне со Ердоган денеска во 12 часот, објави Ројтерс.