СВЕТ

Зеленски побара помош од светските сили за одбрана на воздушниот простор на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија.

Advertisements

Командантот на украинската армија претходно изјави дека добил наредба од Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја.

„Врховниот командант на вооружените сили на Украина даде наредба да се нанесат максимални загуби против агресорот“, рече главниот командант.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, пак, изјави дека секој што е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи во редовите на Територијалните одбранбени сили.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button