ВЕСТИСВЕТ

Зеленски побарал оставка од врховниот генерал на украинската војска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера побарал од врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, да поднесе оставка, но генералот наводно го одбил барањето, објави денеска „Гардијан“. Се наведува дека Зеленски може наскоро да го разреши Залужни.

„Гардијан“ пишува дека тензиите меѓу двајцата траат со месеци, по неуспехот на летната контраофанзива на Украина.

Олекси Гончаренко, пратеник на украинската опозиција и сојузник на генералот, изјавил дека нема суштински разлики меѓу нив двајца.

„Лично, мислам дека ова е лоша идеја. Нема суштински разлики меѓу нив, но канцеларијата на Зеленски е загрижена поради тоа што Залужни дава политички, а не воени изјави“, рече Гончаренко.

Според лондонскиот весник, на местото на Залужни најверојатно ќе дојде Кирило Буданов, актуелен шеф на военото разузнавање на Украина, одговорен за тајните операции против Москва.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button