ВЕСТИСВЕТ

Зеленски следната недела во посета на САД, ќе се сретне со Бајден

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, следната недела треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа во Вашингтон.

Advertisements

Зеленски и Бајден треба да бидат заедно во Њујорк на годишното Генерално собрание на ОН во вторник и среда. Средбата меѓу двајцата претседатели во Белата куќа најверојатно ќе се одржи во четврток, пишува Си-Би-Ес.

Зеленски доаѓа во Вашингтон во момент кога администрацијата на Бајден го турка Конгресот да одобри 13 милијарди долари дополнително воено финансирање за Украина.

Украинскиот претседател ќе има можност лично да им се обрати на претставниците, пишува АП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button