Зеленски: Западот го изгуби чувството за итност во помагањето на Украина

Армијата на рускиот претседател Владимир Путин не успеа да освои ниту еден голем град во 2023 година. Украина успеа да ја пробие руската блокада на Црното Море, овозможувајќи транспорт на милиони тони жито, вели во интервју за „Економист“ украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакнувајќи дека тоа е „огромен резултат“.
Според украинскиот претседател, Западот го изгубил чувството за итност во помагањето на Украина, а многу Украинци го изгубиле чувството за егзистенцијална закана.
„Можеби не успеавме во 2023 година како што сакаше светот. Можеби сè не се случува толку брзо како што некој замислуваше. Но, помислата дека Путин победува не е ништо повеќе од чувство. А, реалноста е дека руските војници умираат и на места како Авдиевка“, рече Зеленски.
Според него, извори од британското одбранбено разузнавање проценуваат дека, според сегашните трендови, Русија до 2025 година ќе има повеќе од 500 000 жртви, убиени и ранети.