ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Земјава ја одбележува 118 – годишнината од Илинденското востание и 77 -годишнината од AСНОМ

Македонија ја прослави 118 – годишнината од Илинденското востание, инаку познат како Денот на републиката и 77 – годишнината од првото заседание на АСНОМ. Во неколку градови имаше одбележување меѓу кои и во трите постојани центри: Скопје, Пелинце и Крушево. Владина делегација, од Собранието и од Кабинетот на претседателот положија цвеќе во близина на спомениците на личности од востанието.

Advertisements

Премиерот Зоран Заев беше во Пелинце, претседателот на Собранието Талат Џафери во Скопје, а претседателот Стево Пендаровски на централната манифестација на „Мечкин Камен“ во Крушево. За разлика од другите години, оваа година централната манифестација поради високите температури беше одржана 18 часот. Покрај раководството државата, на манифестацијата присуствуваа и лидери на политички партии, со исклучок на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Програмата не предвиде изјави, туку само културна програма. Пред Илинденското востание, кое беше одговор кон Османлиската империја, му претходеше Солунскиот и Битолскиот конгрес, за да потоа се донесе одлука за започнување на востанието на 2 август 1903 година, на денот на Свети Илија, во чија чест беше дадено името на востанието.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button