ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Земјава полоша од лани според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници

Македонија е позиционирана на 42. место во светот според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници за 2025 година, што е пад од шест места во однос на лани кога беше 36-та.

Advertisements

Земјава и покрај забалежаниот пад, сепак, по Словенија која е на 33 место и Црна Гора 37, е повисоко рангирана од останатите држави од регионот.

Хрватска е 60-та, Бугарија 70-та, Албанија е на 80 место, Босна и Херцеговина на 86, Грција на 89, Србија на 96 и Косово на 99.

Репортери без граници  ја оценува состојбата со слобода на медиумите во земјава како „задоволителна“.

– Иако новинарите не работат во непријателска средина, широко распространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Исто така, владините претставници имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, се наведува во општата оценка за Македонија.

Оценката на Репортери без граници за земјава се базира на неколу индикатори – Медиумски пејзаж, Политички контекст, Правна рамка, Социокултурен контекст, Безбедност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button