
Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии по повеќе од четири години преговори, соопшти денеска организацијата.
„Земјите-членки на СЗО направија голем чекор напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.
Предлогот ги наведува мерките за спречување идни пандемии и глобалната соработка во одговорот на епидемии.