Земјите од регионот се соочуваат со многу високи температури и ризик од пожари во шумите
Земјите од регионот се соочуваат со многу високи температури и ризик од пожари во шумите

Меѓутоа, и земјите од регионот се соочуваат со многу високи температури и ризик од пожари во шумите. Во Косово, Хидрометеоролошкиот институт издаде предупредување за температури над 38 степени и ги повика граѓаните да ги ограничат излегувањата.
Во Црна Гора, властите издадоа предупредување за опасност во планинските подрачја и ги зголемија патролите во шумите. Во Србија е прогласено портокалово ниво , а неколку болници формираа одделенија за третман на пациенти од топлотен удар.
Во Бугарија беа прекинати земјоделските активности за време на пладне во неколку региони за заштита на работниците од екстремните температури. Во Романија властите делеа бесплатна вода на градските станици и отворија центри за разладување за граѓаните.
Во Босна и Херцеговина е побарана привремена забрана за физички работи на отворено, а поради деформации предизвикани од топлината се суспендирани неколку железнички линии.