СВЕТ

Земјите постепено да ги исфрлат фосилните горива бара новиот Нацрт-договор на КОП28

На климатскиот самит на Обединетите нации, KOП28, во Дубаи, утринава (13 демкември) беше објавен нов нацрт на конечниот договор, со кој се повикуваат земјите да се префрлат од користење фосилни горива на други видови извори на енергија оваа деценија, но не и да ги укинат како што побараа многу земји учеснички на самитот.

На ниту еден претходен самит на ОН за климата, земјите не се договорија за начините за постепено укинување на употребата на нафта, гас и јаглен.

И генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, осудувајќи го недостатокот на „политичка волја“ во спречувањето на „климатската катастрофа“, повика на „постепено исфрлање“ на фосилните горива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button