ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Земјоделство е ненадлежно за проблемот на пазарџиите на Кванташки пазар
Земјоделство е ненадлежно за проблемот на пазарџиите на Кванташки пазар

Министерството за земјоделство се прогласи за ненадлежно во решавањето на спорот помеѓу трговците и земјоделците кои протестираа во кванташкиот пазар и сопствениците на пазарот.
Надлежните даваат целосна поддршка на производителите, но велат дека тоа не е во нивна надлежност. Земјоделците и трговците во „Кванташки“ се жалат дека постојано им се наплаќаат дополнителни давачки, а условите за работа им се мизерни.
Додаваат дека и покрај зголемувањето на давачките, на пазарот не се инвестирало за соодветни услови за работа, иако новите сопственици ветиле модерен пазар./Alsat.mk