ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица за да се откупи домашното производство

Од Националната федерација на фармери (НФФ) денеска побараа да се забрани увоз на пченицата за, како што рекоа, да може да се откупи домашното производство.

Advertisements

Мемет Синани, член на Управен одбор на НФФ истакна дека оваа година имаат проблем со откупот на пченицата и на земјоделците им стојат околу 10.000 тони неоткупена пченица. Тој посочи дека цената е падната, меѓутоа, како што вели, и ова количина не се откупува.

– Бараме помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тоа значи да се забрани увоз на пченица за да може да се откупи нашата пченица. Другиот дел е за субвенциите. Оваа година почна новиот модел на субвенционирање. Ќе видиме како ќе излеземе на крај. Тоа е 30 отсто однапред даден аванс, така рече министерот. Еве во тек е сеидбата на пченка и на други култури, а тие 30 отсто не се дадени. Во мојата општина од околу 30 000 жители, дадени се само 187 картички за нафта. Задоцниле од сите страни. Би требало на терен да работат земјоделските инспектори. Имаше некои изјави дека земјоделските производи биле многу скапи. Земјоделските производи не се скапи. Земјоделецот не може да ги покрие своите трошоци, но патот до крајниот потрошувач трикратно се зголемува цената, рече Синани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button