ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Земјоделците од Страчинци се уште чекаат обешетувањето за минатата година

Земјоделците од Страчинци се уште чекаат обешетувањето за минатата година

„Еве овие се уништени, и овие црните што ги гледате. Овие што допрва ќе се отворат се добри, но првата рака е уништена од студот, околу 40% се оштетени“, рече  Исмаил Нуредин, земјоделец од село Страчинци.

Advertisements

Исмаил Нуредин од село Страчинци, минатата година остана без целата реколта од лубеници, само неколку дена пред продажбата, поради невремето со град. Оваа година пак, пролетниот студ од април повторно му нанесе голема штета – овој пат на насадите со јагоди.

„Колку очекувавте да заработите од јагодите?“
„Имам околу 2500 – 3000 метри квадратни, ќе заработев околу пет до шест илјади евра, но поради штетата, половина се уништени. Брат ми има повеќе, околу еден хектар, но што да правиме, тоа е“, додаде Исмаил Нуредин – Земјоделец од Страчинци.
Иако штетите од градот од минатата година беа пријавени во општина Гази Баба, Исмаили и други земјоделци од Страчинци се уште чекаат компензација или помош барем за да ги покријат трошоците.

„Животот продолжува, и мора да работиме. Иако штетите сè уште не се исплатени, продолжуваме да имаме надеж дека ќе се исплатат, но продолжуваме да чекаме. Не знам колку тоа го разбираат, но без земјоделци нема живот, ако не работиме ние, тогаш треба да увезуваме од надвор, а тоа чини, додека нашиот квалитет е подобар бидејќи не користиме пестициди, туку тука се одгледуваат био производи“, нагласи Исмаил Нуредин – Земјоделец од село Страцинце.
Во врска со компензацијата на штетите од минатата година предизвикани од град, земјоделците од селото Страчинце ги пријавиле во општина Гази Баба, а ги потврдил и инспектор кој бил на терен. Според Општина Гази Баба, целосната документација заедно со утврдените штети на терен е доставена до Владата, од каде што се очекува да биде донесена одлука./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button