Земјоделците сè уште не добиле компензација за штетите претрпени од врнежите од дожд од пред 5 години

На десетици земјоделци во општините Гази Баба и Арачиново се уште не им се надоместени земјоделските штети предизвикани во 2016 и 2018 година од дождот и градот. Советот на земјоделци е револтиран од непочитувањето на релевантните институции, особено од премиерот со кого барале да имаат средба уште од пред пет месеци.
„Бараме од Владата да се однесува еднакво кон сите земјоделци. Бараме Владата веднаш да донесе одлука за исплата на земјоделците од општините Гази Баба и Арачиново во согласност со проценките на општинските комисии. Доколку нашите барања до Владата не бидат исполнети што е можно побрзо, земјоделците од општина Гази Баба и Арачиново ќе продолжат да протестираат секој ден на различни локации во Скопје“.
Според земјоделците, штетата на земјиштето и земјоделските култури достигна илјадници евра. Многумина дури велат дека веќе се откажале од оваа професија заради економски потешкотии.
„Ние како земјоделци имаме голема штета, не знам како преживеавме досега, зашто се занимаваме само со земјоделство. Тие не не примаат на средба, не сакаат да слушнат за нашите проблеми. Секогаш кога тие барале нешто од народот, народот им дал, а сега тие работат само за нив. Не знам како можат да не ни ја платат нашата отштета“.
По револтот на земјоделците, Владата информираа дека го разгледува овој проблем и зошто досега не се исплатени штетите.
Мелихате Рустеми