ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 3,7 степени регистриран кај Врање, на југот на Србија

Земјотрес со јачина од 3,7 степени регистриран кај Врање, на југот на Србија

Ваквите потреси, како што се наведува во соопштението на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, можат да предизвикаат мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје

Advertisements

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во близина на Врање, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Епицентарот на земјотресот во околината на Врање / Извор: ЕМСЦ

Епицентарот на потресот бил на 10 километри североисточно од градот на југот на Србија, на длабочина од 12 километри, а е регистиран во 4:48 часот по локално време.

Теорискиот интензитет на земјотресот се проценува на пет до шест степени според Меркалиевата скала.

Ваквите потреси, како што се наведува во соопштението на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, можат да предизвикаат мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје.

Околу четири часа подоцна, односно во 8 часот и 27 минути во истото епицентрално подрачје, според српскиот завод и Европскиот медитерански сеизмолошки центра (ЕМСЦ) е регистриран уште еден потрес, но со помал интензитет од 2,8 степени според Рихтеровата скала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button