СВЕТ

Земјотрес со јачина од 4,9 степени регистриран во Средоземно море

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во подрачјето меѓу Турција и Кипар во Средоземно море, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Advertisements

Епицентарот на земјотресот бил на 135 километри југоисточно од градот Муратпаша и на 72 километри јужно од турското летувалиште Аланија.

Епицентарот на земјотресот бил во Медитеранот на длабочина од 56 километри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button