
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на островот Крит во Грција, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот е лоциран на 80 километри североисточно од Ираклион и на 61 километар од градот Агиос Николаос на длабочина од 75 километри.
Земјотресот се случил во 6:19 часот по локално време.
Локалните жителите за грчките медиуми изјавиле дека земјотресот траел невообичаено долго.