ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер ја погоди Хрватска! Се тресеа и Белград и Сараево

Мошне силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер ја погоди Хрватска. Медиумите од регионот пренесуваат дека епицентарот бил во Петриње, на околу 45 километри југоисточно од Загреб, а неговата длабочина била 10 километри.

Првичните информации од хрватските медиуми се дека во епицентралните делови има материјална штета и недостаток на електрична енергија, а на улиците има раздвиженост на противпожарни екипи.

Сеизмолозите проценуваат дека моќта во епицентарот била од VII – IX Меркалиеви степени, но засега нема информации за потешко повредени.

Локалните медиуми пишуваат дека потресот се случил дваесетина минути после 12 часот, а траел околу 6-7 секунди.

Потресот е почувствуван и во Љубљана, Белград и Сараево.

Наскоро поопширно…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button