ВЕСТИСВЕТ

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу, предупредување за опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот брег на Перу, информираа Геолошкиот институт на САД и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, пренесува Си-ен-ен.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 28 километри западно од Атикипа, на околу 600 километри јужно од главниот град Лима, а бил на длабочина од 28 километри.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за можни бранови предизвикани од цунами кои можат да достигнат од еден до три метри на некои делови од брегот на Перу.

„Врз основа на сите достапни податоци, за некој делови од брегот се предвидуваат опасни бранови од цунами“, соопштија оттаму.

Оттаму информираат и дека нема ризик од цунами за американскиот Западен брег.

Геофизичкиот институт на Перу издаде предупредување за цунами, посочувајќи дека властите треба да активираат протоколи за заштита на населението поради можна појава од цунами.

Перуанските власти, пка, на Икс соопштија дека владата ја следи ситуацијата и прави проценка на секоја пријавена штета.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button