

Алсат
04.08.2020 13:39
Земјотрес со јачина од 5,5 степени денеска ја погоди провинцијата Малатија во југоисточна Турција. Како што пренесе Ројтерс, повикувајќи се на извори од Институтот за истражување на земјотреси и опсерваторијата Кандили, епицентарот бил на длабочина од 5 километри.
Си-Ен-Ен Турција, пренесува изјава на локалните власти, според кои земјотресот предизвикал одредена материјална штета, но нема податоци за жртви и повредени.
Според извори на Ројтерс, магнитудата на потресот изнесува 5,7 степени.