ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Валандово и Струмица

Земјотрес во Валандово и Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, која функционира преку сеизмолошките станици инсталирани низ територијата на земјата и ја одржува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 13:35 часот регистрираше земјотрес.

Advertisements

Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот се наоѓа во подрачјето на Валандово, на околу 123 километри југоисточно од Скопје. Според прелиминарните мерења, земјотресот имал локална магнитуда од ML2.9 според Рихтеровата скала.

Според првичните податоци, земјотресот бил почувствуван од населението во Валандово, Струмица и околните населени места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (EMS).

Нема информации за материјални штети или повредени лица. Сеизмолошките служби и натаму ја следат состојбата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button