ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Земјотреси од 4,9 и 4,4 степени по Рихтер со епицентар кај Маврово

Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер пред околу десетина минути го погоди мавровскиот регион. Како што се наведува на страницата GEOSig, епицентарот бил кај Маврово, на длабочина од околу 10 километра.

Advertisements

Неколку минути подоцна на истото подрачје почувствуван е и втор потрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер.

Инаку ова не се први земјотреси вечерва во Македонија. Претходно земјотрес со јачина од 3.7 степени според Рихтер ја стресе државава во 20 часот и 40 минути. Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот беше на истото место или 14 километри југоисточно од Гостивар, во близина на село Србиново.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button