Зендели: Немаме капацитет сами да се бориме против корупцијата, потребна ни е меѓународна помош
Зендели: Немаме капацитет сами да се бориме против корупцијата, потребна ни е меѓународна помош

Фадил Зендели од Движењето Беса, вечерва во „Патот кон“ во Алсат М, истакна дека немаме капацитет да се бориме против корупцијата, пред се, поради тоа што имаме политичари со коруптивни афери, па затоа смета дека е разумно е да интервенира меѓународната заедница.
“Меѓународната реакција не е случајна што во моќен момент…би рекол координирано, многу странски дипломати го кренаа силно гласот бидејќи сметам дека, тие мислат дека ние немаме капацитет да ја правиме оваа работа бидејќи цело време декларираме вербално, ќе го правиме ова и тоа, но не правиме ништо. Во суштина продолжуваме да тапкаме во место во борбата против криминалот и корупцијата, особено кога се работи за висок профил на политичари. Има афери, има многу случаи, можеме да зборуваме за претходниот период, пред 2016 година, но што сме направиле по ова“, рече Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса./Alsat.mk