ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемен број на несреќи со смртни последици

Зголемен број на несреќи со смртни последици

Само во првите четири месеци од оваа година, 21 лице загинале во 17 сообраќајки на патиштата во нашата земја. Причина за фаталните последици, според МВР, во најголем број случаи е непочитување на сообраќајните знаци.

„Во првиот квартал од 2024 година регистрирани се вкупно 17 сообраќајни незгоди со смртни последици поради непочитување на вертикална и хоризонтална сигнализација на патот. 21 лице загинаа во сообраќајните несреќи“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Граѓаните велат дека често се чувствуваат небезбедно дури и на пешачки премини, а дополнителни проблеми предизвикуваат и младите кои во текот на летото возат мотоцикли низ улиците.

Токму поради непочитување на сообраќајните правила, за еден ден на територијата на град Скопје, полицијата изрече 102 казни, од кои 14 за управување без возачка дозвола, две мерки за возачите на мотоцикли, девет санкции за користење мобилен телефон, 10 санкции за некористење појас и две санкции за преминување на црвено светло. Министерството за внатрешни работи апелира да се почитуваат правилата за сообраќај./Алсат.мк
Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button