
Тимовите за итни случаи реагираат на повиците од пациентите, особено оние кои страдаат од последици од претходните мозочни и срцеви удари, но и оние кои доживеале колапси на улици или на јавни места.
„Имајќи предвид дека овие две недели имаме екстремно високи температури, вообичаено најчестите повици за тимовите за брзата помош се за луѓе кои губат свест или се онесвестуваат на јавни места, било да се автобуски постојки, автобуси, трговски центри, работни места“, рече Рихад Реџепи, Брза помош.
Бројот 194 прима бројни повици, но капацитетот за интервенција е некаде до 100 слуачи дневно. Поради недостиг на медицински персонал, службите за итни случаи се достапни и преку телефон.
„Тимовите за брза помош се соочуваат со недостаток на тимови, но некако се обидуваме да се справиме… Во повеќето случаи, ги решаваме со телефонски повик, односно ги советуваме како да постапат, во зависност од тоа што ни кажуваат граѓаните“, додава Реџепи.
И покрај нестабилното време, попладнево во некои делови од земјата, топлотниот бран ќе продолжи и утре ќе биде активна портокаловата фаза за предупредување од жештини. Деновите од викендот се до средината на наредната недела земјата ќе биде зафатена од нестабилно време со пороен дожд и грмежи, но само во попладневните часови.
Ајнур Бафќари