ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемен е бројот на пратенички канцеларии за средби со граѓаните

Зголемен е бројот на пратенички канцеларии за средби со граѓаните

Собранието го зголеми бројот на пратенички канцеларии кои се резервирани за средби со граѓаните, и тоа во секоја изборна зона. По трагедијата во дискотеката „ПУЛС“ во Кочани, граѓаните ги зголемија барањата за средба со пратениците, за прашања и барања во зависност од потребите на локалните жители. Во отворената канцеларија во Кочани од страна на пратеникот Миле Лефков остварени се вкупно 30 средби со граѓани. Најголем дел од барањата се за регулирање на работниот однос, бидејќи родителите мораа да останат блиску до децата во болницата за време на периодот на лекување.

Advertisements

Покрај во Кочани, Собранието го зголеми бројот на канцеларии и во другите градови. Од септември минатата година до април годинава отворени се вкупно 48 канцеларии и остварени се 1146 средби меѓу граѓани и пратеници. Регистрирани се 806 нови предмети и барања, кои се процесуирани и испратени до институциите на разгледување. Од нив, 259 предмети се решени.

Поднесени се 239 прашања до пратениците. Овие прашања се резултат на конкретните потреби и проблеми изразени од страна на граѓаните, кои се проследени со формални барања во Собранието. Покренати се 105 граѓански иницијативи во Собранието на Република Македонија. Овие иницијативи се однесуваат на конкретни проблеми и предлози кои се доставени од граѓаните и формално разгледани од пратениците.

Во Штип се отворени две канцеларии, една за пратеникот Никола Мицевски и една за пратеникот Павле Арсовски. Двајцата заедно остварија 50 средби со граѓаните. Во Пробиштип е отворена канцеларија на пратеничката Драгана Арсова, каде се остварени 24 средби со граѓани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button