ВЕСТИ

Зголемен е бројот на заболени од рак

Се зголемува бројот на заболени од рак. Извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека најчест е ракот на белите дробови и бронхиите, а потоа на дојка и на желудник. Ракот на дојка е почест кај жените, а ракот на простата кај мажите. Од граѓанскиот сектор изразуваат загриженост за долгото чекање на болните од рак и дека тие се принудени да плаќаат прегледи приватно, во недостиг на државни служби и недостаток на современи терапии за лекување на ракот. Меѓу другото побараа и проширување на позитивната листа на лекови кои лекуваат рак.

Advertisements

„Имаше многу одложувања со дијагностички процедури, програмите за скрининг беа намалени, пристапот до следење на болеста поради пандемијата доведе до големи одложувања. На пациентите треба да им овозможиме пристап до терапија, да им овозможиме навремени дијагностички процедури, следење на болеста. Мора да имаме системско решение за да не се повтори застојот што го имавме во пандемијата“, изјави Биба Додева, Здружение „Борка“.

Министерот за здравство Беким Сали рече дека ќе се преземат чекори за намалување на времето на чекање за прегледи и поставување дополнителни распореди за мамографија како и проширување на позитивната листа.

„Заедно со лекарите, клиниките и граѓанскиот сектор ќе преземеме активности за пациентите да не чекаат предолго за прегледи и да се постават дополнителни распореди за мамографија, ехо на дојка и да преземе конкретни активности за олеснување на пристапот до рана дијагноза, но ќе се продолжи и со систематски решенија за пристап до нови современи терапии“, изјави Беким Сали, министер за здравство

Ракот е главна причина за смртност во светот, со речиси 10 милиони смртни случаи до 2020 година или причина за речиси секој шести смртен случај. Според Светскиот извештај за истражување на ракот, потврдено е дека постојат 5 нови видови на рак во споредба со пред една деценија кои се поврзани со дебелина. /Алсат.мк 

Новинар: Вјолца Алити 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button