ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно последните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар понизок од повеќегодишниот просек за јануари. Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,94 метри повисок од просечниот за јануари.

Нивоата на реките во земјава се во рамки на јануарскиот просек, со одредени отстапувања во нагорна или надолна линија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button