ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемена потрошувачката на Клексан, но нема криза за лекот, тврди МЗ

Потрошувачката на „клексан“ е зголемена насекаде во светот, па и кај нас и тоа за три пати повеќе од вообичаено, но нема криза од негов недостаток, тврди Министерството за здравство.

„Со месеци наназад, компанијата која врши увоз на лекот резервираше поголеми количини и тие се дистрибуирани до сите болнички установи. Во меѓувреме, онаму каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Криза во смисла на недостаток на ’клексан‘ нема, туку има зголемена потрошувачка“, велат од Министерството за здравство.

Оттаму потенцираат и дека „клексанот“ се наоѓа на позитивната листа лекови, а се дава исклучиво под надзор на медицинско лице и може да се купи од аптека со рецепт од специјалист.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button