МАКЕДОНИЈА
Зголемениот број случаи на Ковид-19 ги собра на консултации Комисијата за заразни болести и министерот Филипче

Министерството за здравство информира дека во моментов се одржува консултација на Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19. Министерството ќе проследи повеќе информации по завршување на консултативната средба.
Според денеска објавениот извештај за состојбата со Ковид-19 во државава, дијагностирани се нови 225 случаи, шест починати и 96 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 18.363, бројот на оздравени пациенти е 15.164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.450.