ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемените температури го зголемија и бројот на пожари на отворено во полошкиот регион

Пожарите, но и интервенциите на пожарникарите, со зголемувањето на температурите во последните денови започнаа да се зголемуваат. Особено на отворено.

Од денешната интервенција за гаснење на пожарот, еден пожарникар е повреден, додека пред неколку дена беше соопштено дека се повредени уште тројца други пожарникари.

„Со зголемувањето на температурите каде што сега во нашата земја има тропски температури, започна појавата на поголеми пожари. Само вчера имавме осум интервенции. Бројот на интервенции од јануари до денес е 301. Трагични случаи годинава имаме три, а интервенирајќи на ова место каде што сме сега, имаме повреден еден колега“, рече Ука Алити, командант на ППЕТ Тетово.

Пожарникарите велат дека и покрај бројните апели, бројот на пожари се повеќе се зголемува од некои несвесни граѓани. Полицијата досега не успеа да приведе ниту едно лице за намерно палење во Тетово. Од полициското одделение Тетово велат дека намерното подметнување пожар, во зависност од причинетата штета, се казнува со затвор од 1 до 5 години.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button