ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемените температури, го зголемуваат ризикот од силни зраци

Зголемените температури, го зголемуваат ризикот од силни зраци

Со зголемувањето на температурите се по присутни се силните сончеви зраци, кои се и штетни. Дерматологот Кујтиме Рушити Мехмети, вели дека 50 проценти од УВ-А зраците продираат длабоко во кожата, негативно влијаејќи на неа, додека ракот на кожата не може да се избегне.

Advertisements

„УВ-А и УВ-Б зраците влијаат на кожата, така што епидермисот или горниот дел од кожата 80% од УВ-Б зраците ги рефлектираат, но УВ-А зраците до 50% можат да навлезат длабоко во кожата. Сончевата светлина го намалува имунитетот на кожата, го уништува колагенот, еластинот и влијае на клеточните структури или ДНК, предизвикувајќи рак на кожата“, рече Кујтиме Рушити Мехмети .

Мехмети вели дека во топлите денови граѓаните треба да користат креми за сончање со заштитен фактор, а тоа треба да се направи во консултација со лекарите.

„Граѓаните сами го користат, но повеќето се консултираат и со дерматолози врз основа на типот на кожата… Подобро е да дојдат и да се консултираат со лекари бидејќи таму може да се види каков тип на крем треба да користат, со каков заштитен фактор треба да биде и како да се заштити. Некои пациенти се изложени на поголем ризик од појава на промени, додека кај други се помалку“, додаде Кујтиме Рушити Мехмети .
Таа вели дека неодамна, покрај жените, мажите почнаа подобро да се грижат за својата кожа. Дерматолозите повикуваат на дополнителна нега во текот на потоплите денови со користење што е можно повеќе лосиони./Алсат.мк
Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button